Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски повторно е на праг да го напушти калчолигашот Удинезе, а за него интерес покажале четири екипи од Италија.
Бреша, Монца и СПАЛ од Серија Б се заинтересирани за македонскиот напаѓач, додека интерес од Серија А за него покажува само Специја.
Бреша и Монца се екипи кои и минатото лето се поврзуваа како фаворити за неговиот потпис, но тогаш не ги започнаа преговорите и Македонецот остана во Удинезе.
Несторовски има само три настапи за Удинезе и мала минутажа, па затоа опцијата за трансфер или за позајмица е отворена.
Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе дојде минатото лето како слободен играч откако неговиот Палермо банкротираше.