Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна гол против Фиорентина и така му донесе три бода на Удинезе.
Несторовски погоди кога најмногу ѝ беше потребно на неговата екипа, а тоа не помина без пофалби од неговиот тренер Лука Готи.
„Несторовски е огромен професионалец, секогаш дава максимум на теренот, го заслужи овој погодок“, кажа Готи.
Ова беше втор погодок за Несторовски за Удинезе, а нема сомнеж дека наскоро би можел да добие повторно шанса во првиот тим.