Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва потпиша двегодишен договор со италијанскиот второлигаш Асколи.
Несторовски се враќа во Серија Б по пауза од четири години, откако претходно го носеше дресот на Палермо до 2019 година.
Потоа четири сезони играше за Удинезе во калчолигата, а во тој период постигна осум голови и шест асистенции.
Искусниот напаѓач претходно во кариерата го носеше дресот на Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.
Македонецот ќе го носи дресот со број 30 и вечерва од трибини ќе го гледа дуелот на Асколи против Фералписало.