Несторовски заминува од Удинезе, но ќе остане во Италија?


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски во јануари се очекува да го напушти Удинезе, каде што не добива голема шанса, но ќе остане во Италија.

Несторовски се врати по повредата, но тренерот на Удинезе не му верува премногу, па затоа македонскиот напаѓач најверојатно ќе се пресели во Лече.

Италијанските медиуми објавија дека Лече покажал сериозен интерес за македонскиот фудбалер бидејќи потребен им е класичен напаѓач кој ќе им помогне во борбата за промоција во Серија А.

Лече во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Серија Б и има сериозни шанси да избори место во елитата, иако тоа нема да биде воопшто лесно со оглед на конкуренцијата.