Несторовски заминува од Удинезе, но ќе остане во Италија

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе замине од Удинезе на крајот на сезоната, но ќе остане во Италија бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани две екипи.

Поранешниот клуб на Несторовски, Палермо е еден од тимовите кои сакаат да потпишат договор со македонскиот напаѓач, но конкуренција ќе им прави Парма која бара решение во нападот.

Палермо и Парма во моментов играат во Серија Б, а во следната сезона имаат амбиции да се вратат во италијанската елита.

Несторовски за Удинезе одигра 63 меча во првенството и притоа постигна седум гола.