Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски вчера го даде првиот гол за Удинезе во Серија А по шест месеци во поразот од Наполи со 2-3.
Несторовски доби повик за дуелите против Финска и Азербејџан на Македонија, а напаѓачот против Наполи покажа дека заслужува шанса.
„Среќен сум поради голот, но разочаран сум поради резултатот. Напорно работам на секој тренинг. Знам дека сум четврти напаѓач во клубот, но секогаш давам сè од себе“, вели Несторовски.
Несторовски претходно во листата на стрелци се запиша минатата сезона, односно на 22 мај против Салернитана.