Нетипичен потег на Дортмунд: Борусија му дава четири пати повисока плата на Белингам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд е принудена да направи нетипичен потег за да го задржи англискиот репрезентативец Џуд Белингам за кој се заинтересирани голем број гиганти.

Белингам е еден од најголемите таленти во светот, а германските медиуми пишуваат дека за неговиот потпис се борат Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Челси, но Дортмунд сака да го задржи во екипата.

Управата на Дортмунд верува дека Борусија може да го задржи во клубот и му нуди годишна плата од 15 милиони евра по сезона до 2026 година, односно четири пати повеќе пари од тоа што добива во моментов.

Доколку ја одбие таа понуда, Белингам може да замине за 150 милиони евра од Дортмунд.