Нетрпеливост на теренот: Фернандеш му се налути на новото засилување ?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Манчестер јунајтед вечерва игра против ПСЖ во рамки на првото коло од Лигата на шампиони. Тие го имаа последниот тренинг пред натпреварот, а во центар на внимание беше Бруно Фернандеш, кој ќе ја добие капитенската лента за дуелот.

Англиските медиуми неколку дена пишуваа дека Фернандеш имал расправија во соблекувалната на Јунајтед, а тоа се случило по дебаклот од Тотенхем.

Португалецот ги демантираше тие шпекулации, но наскоро повторно се најде во центар на внимание, откако се појави видео на кое покажува дека можеби имало нешто во соблекувалната.

На социјалните медиуми е објавено видео на кое може да се види како Фернандеш се лути на новиот играч на Јунајтед, Алекс Телеш додека играат „шева“. Секако, не е ништо сериозно, но е доволно да ја покаже избувливоста на Португалецот.