Нетс потпишаа два познати кошаркари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бруклин Нетс ќе биде посилен за две познати имиња за остатокот од сезоната во НБА.

Екипата на Њујорк остана без голем број кошаркари пред остатокот од сезоната.

Големите sвезди Кевин Дурант и Кајри Ирвинг нема да играат поради повреди, додека ДеАндре Џордан, Спенсер Дивниди и Тауреан Принс нема да бидат во тимот поради коронавирус.

Раководството на Нетс одлучи да реагира и да потпише двајца кошаркари, долгогодишни играчи во НБА до крајот на сезоната.

Така, на Флорида дресот на Нетс ќе го носи искусниот стрелец Џамал Крафорд (40), кој ќе биде најстариот играч во лигата. Тој веќе има потпишано договор со Нетс, а истото се очекува да го стори и Мајкл Бизли.

Интересно е што Нетсс, доколку го потпишат, нема да можат да сметаат на Бизли на пет натпревари. Тој има суспензија за употреба на марихуана и ќе мора да одлежи суспензија од пет натпревари.

Нетс сигурно нема да биде ист тим без најголемите sвезди и тешко е да се очекува дека ќе можат да сторат нешто повеќе до крајот на сезоната.