Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа седма последователна победа, откако претходната ноќ го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 133:121.
Јунак на победата уште еднаш беше незапирливиот Лука Дончиќ, кој постигна дури 20 поени веќе во првата четвртина од натпреварот. Натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и седум асистенции.
Лејкерс доминираа во првиот дел од натпреварот. По првата четвртина водеа со 46:27, а на одмор заминаа со убедливи 77:57. Тоа беше најголемиот број поени што ги постигнале во полувреме оваа сезона.
Пеликанс го најдоа својот ритам во третата четвртина, успеаја да го намалат заостанувањето, па влегоа во последниот период на игра со достижни -11 (100:89). Меѓутоа, тимот од ЛА во последната четвртина рутински ја зачува предноста и на крај заслужено славеше.
Покрај маестралниот Дончиќ, одлична партија прикажа и Остин Ривс, кој го заврши натпреварот со 33 поени и осум асистенции, додека Деандре Ејтон имаше 22 поени и 13 скока.
.
















