Неверојатно: Дончиќ постигна 100 поени за 24 часа (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ноќта меѓу среда и четврток постигна 40 поени против Хјустон, за само 24 часа подоцна да постигне 60 против Мајами. Лука Дончиќ игра животна кошарка, а тоа јасно го покажуваат статистиките!

Многумина се плашеа дека проблемите што му се случија во приватниот живот ќе влијаат на неговата игра во дресот на Лејкерс, но Словенецот покажа неверојатна ментална сила. Среде скандалот “експлодираше” на теренот!

Минатиот четврток за првпат стигна до бројката од 50 во дресот на Лејкерс, а сега отиде чекор понатаму… Претходната ноќ постигна 60 поени во победата против Мајами, што е негов најдобар резултат во франшизата од ЛА и втор најдобар во НБА кариерата!

Лука постигна 60 поени со одлични 18/30 од игра (60 проценти). Шутот за тројки му беше 9/17, а реализираше и 15 слободни фрлања од 19 обиди. Покрај тоа, имаше седум скока, три асистенции и пет украдени топки.

Само ден претходно доминираше и на натпреварот против Хјустон Рокетс, кога забележа 40 поени со девет скокови и 10 асистенции.