Неверојатен потег на Гави: Донира 1,3 милиони евра за својот роден град


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Гави, направи голем хуманитарен потег и донираше 1,3 милиони евра за изградба на 150 домови наменети за бездомници во неговиот роден град Лос Паласиос и Вилафранка.

Младиот шпански репрезентативец одлучил да помогне во решавањето на проблемот со луѓето кои немаат сигурен покрив над главата, а неговата донација ќе овозможи изградба на нови домови за најзагрозените жители.

Гави објасни дека одамна бил свесен за тешкотиите со кои се соочуваат луѓето во неговиот град и дека сакал да направи нешто конкретно со што би им помогнал на што е можно повеќе лица.