До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Енцо Мареска и Челси се разделија, а италијанскиот стручњак притоа донесе неочекувана одлука – се откажа од отпремнината од дури 16 милиони евра. До разделбата дојде по катастрофалната серија резултати, поради која Сините паднаа на петтото место на табелата, со огромни 15 бодови заостанување зад водечката Арсенал.
Мареска го напушти Стемфорд Бриџ минатата недела по серија од само една победа во последните пет натпревари. „Сан“ известува дека неговата одлука да се откаже од потенцијалната отпремнина од 16 милиони евра следела усред гласини дека веќе водел разговори со Манчестер Сити за можната замена на Пеп Гвардиола. Во меѓувреме, тимот привремено ќе го преземе тренерот на У-21 тимот, Калум МекФарлејн, а првиот испит ќе го имаат токму против Сити.
Според извештаите, Мареска бил толку лут поради чувството дека клубската хиерархија му работи зад грб, што не сакал ни да разговара за условите на заминувањето. Имаше право на споменатите 16 милиони евра, бидејќи во 2024 година, кога дојде од Лестер Сити, потпиша петгодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Со плата од околу 4.6 милиони евра по сезона, заминувајќи по само 18 месеци, остави огромен износ на маса.















