Неверојатна серија кој трае: Пјастри е на пат да го сруши големиот рекорд на Хамилтон


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Младиот Австралиец не престанува да воодушевува, а неговата форма во сезоната 2025 веќе сега влегува во историјата. Наскоро ќе го престигне Верстапен, а лесно оди и кон рушење на легендарната серија на Хамилтон.

Оскар Пиастри уште еднаш блескаше на патеката и победи на Големата награда на Белгија, со што ја запиша шестата победа во сезоната.

Австралиецот во моментот води во генералниот пласман на возачи со 16 поени предност пред тимскиот колега Ландо Норис.

Но тоа не е единствената фасцинантна работа во неговата сезона – Пиастри на оваа трка го запиша и 39-тиот последователен пласман меѓу десетте најдобри.

Оваа импресивна серија започна на Големата награда на Лас Вегас во 2023 година и од тогаш не покажува знаци на забавување.

Со 39 последователни пласмани во бодови, Пиастри сега го зазема третото место на вечната листа на Формула 1 по тој критериум.

Пред него се само двајца великани – Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Хамилтон го држи рекордот со 48 последователни трки во кои освојувал бодови, во периодот меѓу ГН на Велика Британија 2018 и ГН на Бахреин 2020.

Оваа серија би траела уште шест трки ако не ја прекинеше инфекцијата со коронавирус.

Хамилтон инаку придоби бодови и на трката во Азербејџан 2021, која би била 54-та по ред ако не беше присилната пауза.

На второто место на листата се наоѓа Макс Верстапен, кој помеѓу ГН на Емилија Ромања 2022 и ГН на Саудиска Арабија 2024 собира 43 последователни пласмани во бодови.

Фото: Принтскрин