Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа навистина необична сезона во шпанскиот фудбал, откако во иста натпреварувачка година успеа да стане шампион, но и да испадне од елитата.
Тер Штеген ја започна сезоната во редовите на Барселона, каде што беше дел од тимот кој ја освои титулата во Ла Лига. Во вториот дел од сезоната искусниот чувар на мрежата се пресели во Жирона, клуб кој до самиот крај водеше жестока битка за опстанок.
Сепак, Жирона не успеа да ја избегне катастрофата и по последното коло официјално се пресели во понизок ранг на натпреварување.
















