Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јанис Адетокумпо, кошаркарскиот ас со потекло од Грција и најдобар играч на Милвоки Бакс, заедно со Кавај Ленард, ѕвезда на Лос Анџелес Клиперс, беа прогласени за најдобри играчи на неделата во Источната и Западната конференција на НБА лигата.
Во последните седум дена, Ленард играше извонредно, постигнувајќи просек од 24,8 поени, 5,8 скока и 1,8 украдени топки по натпревар, со одличен процент на успешност во шутот од игра – 51,3%.
Адетокумпо, пак, имаше извонредни изведби минатата недела со резултати што ретко се гледаат во современата НБА. Тој оствари просек од неверојатни 36 поени, 12,3 скока и 13,7 асистенции по натпревар. Со вакви бројки, не само што ги предводеше своите соиграчи до победи, туку повторно ги помести границите на доминацијата на теренот.
За Адетокумпо ова признание е 26. вакво во неговата кариера, што го сместува на четвртото место меѓу играчите кои најмногу пати биле прогласувани за „Играч на неделата“, и во овој процес го надмина легендарниот Мајкл Џордан.
Фото: Milwaukee Bucks/FB