Неверојатен човек: Додека сите слават, Модриќ го теши трагичарот Родриго (Фото)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Хрватска се пласира во полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, а Лука Модриќ уште еднаш покажа зошто е еден од омилените фудбалери на голем број навивачи.

Додека неговите сонародници го славеа големиот триумф над „кариоките“, Модриќ тргна кон неговиот тимски колега Родриго.

Бразилскиот фудбалер промаши од белата точка во пенал-рулетот, а Модриќ реши да го утеши помладиот колега.