Неверојатен е: Златан Ибрахимовиќ постигна хет-трик и постави нов рекорд за ЛА Галакси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ги „прегазија“ Спортинг Канзас Сити.

Фудбалерите на ЛА Галакси на вчерашниот натпревар на домашен терен ги декласираа Спортинг Канзас Сити со резултат од 7:2, а за тоа е заслужен неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.

Галакси не покажа никаква милост кон Спортинг кои дојдоа во предност со голот на Гутиерез во 24. минута од натпреварот, но после тоа доживеаа страшен „потоп“.

Домашните изедначија во 32. минута кога Ибрахимовиќ промаши пенал, но и покрај тоа успеа да постигне гол за резултат од 1:1.

Во второто полувреме видовме дури седум погодоци. ЛА Галакси до пресврт стигна во 48. минута од натпреварот со голот на Корона. Само три минути подоцна на семафорот беше 3:1, а за тоа беше заслужен Ибрахимовиќ кој го постигна својот втор погодок за овој натпревар.

Ги „прегазија“ Спортинг Канзас Сити

Фудбалерите на ЛА Галакси на вчерашниот натпревар на домашен терен ги декласираа Спортинг Канзас Сити со резултат од 7:2, а за тоа е заслужен неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.

Галакси не покажа никаква милост кон Спортинг кои дојдоа во предност со голот на Гутиерез во 24 минута од натпреварот, но после тоа доживеаа страшен „потоп“. Домашните изедначија во 32 минута кога Ибрахимовиќ промаши пенал, но и покрај тоа успеа да постигне гол за резултат од 1:1.

Во второто полувреме видовме дури седум погодоци.  ЛА Галакси до пресврт стигна во 48. минута од натпреварот со голот на Корона. Само три минути подоцна на семафорот беше 3:1, а за тоа беше заслужен Ибрахимовиќ кој го постигна својот втор погодок за овој натпревар.

Во 69. минута резултатот се накачи на 4:1, а веднаш после тоа на сцена стапи Летгет кој со постигнати два погодоци го доведе домашниот тим во предност од 6:1. Финалниот удар на гостите го зададе повторно Ибрахимовиќ кој го потполни хет-трикот и ја затресе мрежата за резултат од 7:1.

Спортинг во самиот финиш од натпреварот успеа да дојде до вториот гол, а повторно стрелец беше Гутиерез.

Што се однесува до Ибрахимовиќ, тој сега има запишано 25 погодоци и со самото тоа го постави рекордот на клубот. Имено, Ибрахимовиќ беше првиот играч на ЛА Галакси кој во една сезона постигна 25 погодоци. До крајот остана уште многу да се игра и сигурно е дека бројката на погодоци ќе биде се поголема.