Неверојатен лидер: Ибрахимовиќ со говор ги мотивирал „росонерите“ во Верона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан славеше со 3-1 против Верона по пресврт во 36. коло од Серија А и направи чекор кон освојување на Скудетото.

Швеѓанецот не беше ниту асистент, ниту стрелец, но со својот мотивациски говор ги натера соиграчите да освојат три бода.

„Ибрахимовиќ кажа нешто прекрасно пред почетокот на мечот. Ни кажа дека сите ги паметат фудбалерите кои освоиле Скудето или Лига на шампиони, а ако сакаме да останеме запаметени треба да победиме на последните три меча“, објасни тренерот Стефано Пиоли.

Милан на две кола пред крајот има два бода повеќе од градскиот ривал Интер, па е блиску до Скудетото кое последен пат го освои во 2011 година.