Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новиот фудбалер на Арсенал, Микел Мерино се повреди на тренинг на премиерлигашот и ќе паузира одреден период.
Тренерот на „топчиите“, Микел Артета соопшти дека Мерино скршил коска во рамото на првиот тренинг за новиот тим.
„Очигледно ќе паузира неколку недели. Тоа му беше прв тренинг со нас“, кажа Артета.
Мерино пристигна во Арсенал ова лето од Реал Сосиедад за сума од 38 милиони евра.