Неверојатен натпревар на „Енфилд“: Реал Мадрид со пет гола го разнесе Ливерпул (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид на почетокот на средбата имаше негатива од 0-2, но до крајот на средбата го сврте мечот во своја корист и победи со 5-2.

Ливерпул по само 14 минути преку Нуњез и Салах погоди за предност од 2-0, но „кралевите“ во продолжение од првото полувреме стрелаа двапати преку Винисиус (2-2).

Милитао по само две минути во второто полувреме погоди за 3-2, а потоа Карим Бензема со два гола ја запечати победата од 5-2 на „кралскиот клуб“.

На вториот меч вечерва, Наполи славеше со 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт.