Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев во финалето на Австралијан опен и така ја освои 18. гренслем-титула во кариерата.
Интересно е тоа што многумина заборавија на џентлментскиот потег на Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот, кога направи нешто што никој друг не би помислил.
Србинот се согласи победниците да добијат помала награда од вообичаено, па тие пари да бидат доделени на останатите тенисери кои ќе испаднат во раната фаза од турнирот.
Ѓоковиќ со освојувањето на Австралијан опен заработи 2,13 милиони долари, а тоа дефинитивно не е малку, но е за милион долари помалку од минатата, кога доби 3,12 милиони.
Во меѓувреме наградниот фонд на Австралијан опен не беше намален, туку зголемен на неверојатни седум милиони долари.