Неверојатен потег: Олмо од гол-линија ја спаси Шпанија (Видео)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанија славеше во финалето против Англија со 2-1 на Европското првенство (ЕП), а еден од најдобрите потези на мечот го имаше Дани Олмо.

Олмо ја спаси Шпанија од самата гол-линија по мешаницата која се случи во казнениот простор на Унај Симон.

Кол Палмер изведе корнер, по што Деклан Рајс испрати удар со глава, а Симон одбрани. Топката стигна до Гуеи кој со глава повторно ја испрати топката кон голот, а потоа реагираше Олмо.