Неверојатен животен пат: Од бездомник и келнер на 19 години до репрезентативец на 26!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Навистина инспиративна приказна има новиот репрезентативец на Англија, Тајрон Мингс. Овој 26-годишен фудбалер доби повик од Герет Саутгејт за мечот против Бугарија и Косово.

Со мајката и трите сестри бил бездомник. Тие живееле една година на улица, но како момче се обидувал да се пробие во светот на фудбалот.

„Завршивме на улица. Живеевме кај еден човек и еден ден мораше да заминеме. Беше грозно“, вели Мингс.

Многумина сметале дека нема талент, па го избркале од Саутемптон на 15 години, а шанса не му дале ниту Кардиф, Портсмут и Бристол Сити.

Потоа заминал во нисколигашки тимови, а работел и како келнер за 45 фунти неделно.

„Имав моменти кога се прашував дали ова ќе биде мојот живот? Дали е крајот и нема да можам да играм фудбал на врвно ниво…“, објаснува Мингс.

Сепак, во 2012 година му се променил жиотот, кога Расел Осман го препорачал на тренерот на Ипсвич.

Тој воодушевил и добил договор, па играл три години во екипата, по што во 2015 година се преелил во Борнмут за осум милиони фунти.

Потоа следеше нов шок. Ги скина лигаментите на коленото и една година помина надвор од теренот, но ниту тоа не го спречи да напредува, па сега се пресели во Астон Вила.