Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејлор Навас извесно е дека ќе ги напушти редовите на мадридски Реал на крајот од тековната сезона, Куртоа ќе биде првиот избор на „Бернабеу“.
Костариканецот има две опции пред себе, а ќа зависи и од својот колега од „Олд Трафорд“, Давид Де Геа.
Шпанецот влегува во последната година од договорот, големо прашање е дали е подготвен да ја продолжи соработката со клубот кој падна на ниска гранка оваа сезона и кому му претстои клучно лето за следните неколку години, па се повеќе се шушка дека би можел да замине.
ПСЖ покажа интерес за објацата чувари на мрежата, потребна им е замена за Буфон кој ќе замине и сакаат големо име од европските фудбалскии рамки.
Опциите се следни, првата е Кејлор Навас да биде нов голман на Манчестер Јунајтед од ова лето, во случај Парижаните да успеат да го убедат Де Геа да им се придружи.
Втората опција е јасна, доколку Де Геа остане, „Светците“ во своите редови ќе го донесат Кејлор Навас.
Така што, помалку или повеќе се е јасно, Реал нема многу да се прашува, Навас доби одрешени раце и кариерата ќе ја продолжи во еден од споменатите два европски великани.