Неверојатна сцена: Како ѕвездите на Јунајтед можеле да го погледнат Роналдо во очи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако го освои шестото место во лигата, а една од најжестоки шлаканици ги добија во финишот, кога Брајтон славеше со 4-0.

Кристијано Роналдо не можеше сам против сите, иако постигна 18 голови во првенството, па затоа се разочара, а „Манчестер Ивнинг Њуз“ носи неверојатна информација за тоа што се случувало на стадионот по убедливиот пораз.

Во главна улога бил Роналдо кој 20 минути останал сам во соблекувалната, додека остатокот од екипата веднаш си заминал дома.

„Неговите соиграчи заминаа дома, а Роналдо остана сам во соблекувалната. Излезе од стадионот, но потоа се врати. Седеше осамен, а потоа си замина дома“, пишува медиумот.