Неверојатна ситуација за Гризман, Де Јонг и Саул: Документите стигнаа минута пред крајот на преодниот рок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид по две години минати во Барселона. Французинот повторно го облече дресот на поранешниот клуб каде што заминува на позајмица со клаузула за откуп од 40 милиони евра.

Неверојатна ситуација се случи во трансфер периодот бидејќи во еден момент делуваше дека трансферот пропадна затоа што не пристигна потврда од Челси за Саул Нигез.

Барселона од друга страна го доби од Севиља напаѓачот Лук Де Јонг, но трансферот на Гризман беше загрозен.

Меѓутоа, на крајот мина во најдобар ред. Документите за трансферите стигнале во последна минута во седиштето на Ла Лига.

Па така дресот на Атлетико повторно го облече Гризман, Де Јонг е нов напаѓач на Барселона, а Челси го претстави Саул.