Неверојатна снимка: Погба гледа додека сите го исмејуваат! (ВИДЕО)


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба на мечот против Вест хем направи голема глупост. Тој без потреба им подари пенал на гостите од Лондон, по што тие постигнаа гол за водство од 1-0.

За среќа на „ѓаволите“, тие успеаа да освојат бод кој им значи многу во последното коло, кога за пласман во Лигата на шампиони ќе треба да гостуваат кај Лестер.

Потегот на Погба стана интересна тема во Англија, по што Французинот доби жесотки критики поради тоа што го направи, а сега се појави интересно видео од теренот.

Тоа го прикажува Погба, кој тажно гледа кон Антонио и соиграчот Бруно Фернандеш, кои го коментираат неговото играње со рака и се смеат на ситуацијата.