Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да одбраните еден пенал за голман е голема работа, а да сопрете три удари од белата точка во неколку недели е повеќе од тоа.
Фантастичниот Уго Лјорис во 2019. година успеа да одбрани дури три казнени удари. Иако со него очи во очи стоеја некои од најдобрите напаѓачи на денешницата, тој нивните удари ги сопираше со фантастични интервенции.
Во дуелите против Тотенхем, пенали беа досудени за Лестер, Арсенал и Манчестер Сити, а искусниот Французин успешно ги одбрани обидите на Џејми Варди, Пјер Емерик Обамејанг и синоќешниот на Серхио Агуеро.
Без оглед што често знае да направи голем кикс како што неодамна беше тоа во дуелот со Ливерпул, Лјорис со одличните одбрани на пеналите ги остави грешките во втор план.