Неверојатна трка во Токио: Вархолм урна светски рекорд! 🎥


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во последната трка за атлетичари забележавме светски рекорд во трката на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио.

Норвежанецот Карстен Вархолм го освои златото со време од 45.94 и така стана прв човек во светот, кој во оваа дисциплина имал време под 46 секунди.

Среброто му припадна на Бенџамин Реи со време од 46,17, кој исто така беше побрз од претходниот светски рекорд.

Бронзениот медал му припадна на Алисон дос Сантос од Бразил, кој на целта стигна со време од 46,72.