Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант и поранешен европски шампион Челси се избори за место во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва славеше против Салцбург во Австрија со 2-1.
„Сините“ стигнаа до водство со прекрасен гол на Ковачиќ во 23. минута од натпреварот, по што вистинските возбудувања почнаа во вториот дел.
Најпрво Адама ја затресе мрежата на Кепа за 1-1, а потоа Каи Хаверц со неверојатен погодок ја потврди победата на Челси од 2-1.
Салцбург имаше неколку добри шанси до крајот на мечот, меѓутоа Кепа беше на висина на задачата и ги запре противничките удари.
Челси го освои првото место во групата со 10 бодови, по што следи Салцбург со шест, а Милан и Динамо имаат по четири и нивниот меѓусебен дуел го играат од 21.00 часот.