Неверојатни реакции на навивачите по враќањето на Бензема во репрезентацијата на Франција 🎥


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема по шест години се враќа во репрезентацијата на Франција.

Искусниот 33-годишен фудбалер доби повик од Дидие Дешамп за претстојното Европско првенство, а овој потег на ранцускиот селектор ги воодушеви навивачите.

Љубителите на фудбалот во Франција со внимание го следеа објавувањето на списокот со фудбалери, а кога беше изговорено името на Бензема, тогаш следеше прослава за враќањето на Французинот во составот.

Дешамп претходно го отпиша Бензема поради учество во уценување на поранешниот соиграч од репрезентацијата Матје Валбуена.

„Горд сум на враќање во репрезентацијата на Франција и благодарен сум за довербата“, кажа одличниот напаѓач.