Неверојатни сцени: Фудбалерите на Бока се тепаа со ривалите, редарите и полицијата! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бока јуниорс беше елиминирана од Копа Либертадорес од Атлетико Минеиро на пенали со 1-3, меѓутоа тоа што се случуваше во соблекувалната и тунелот дефинитивно не е од фудбалски карактер.

Фудбалерите на Бока по натпреварот ја фрлија металната ограда и останатите предмети кои беа блиску до нив кон ривалите.

Потоа фудбалерите на Бока се обидоа да влезат во соблекувалната на Атлетико Минеиро, но реагираше обезбедувањето по што се создаде вистински хаос во кој мораше да интервенира и полицијата.

Во соблекувалната на Бока, наводно, бил фрлен и солзавец, а полицијата уапси неколку фудбалери од аргентинската екипа поради инцидентот.