Неверојатни сцени на улиците на Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид по епската ноќ и уште еден неверојатен пресврт избори пласман во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Манчестер сити водеше со 1-0 до 90. минута, по што Реал Мадрид за две минути се врати во игра со двата гола на Родриго.

Навивачите на „кралскиот клуб“ знаеја како да го прослават резултатот, па на улиците низ Мадрид имаше повеќе од 50.000 навивач кои го дочекаа автобусот со фудбалерите на Реал.

Со песна, скандирање, факели и аплаузи го испратија автобусот во кој беа нивните херои и така им се заблагодарија за уште една ноќ за паметење.

Сликите од Мадрид изгледаат неверојатно, а ова е само продолжение на славењето затоа што Реал минатата недела прослави и нова титула во Ла Лига.