Неверојатниот Дончиќ ја уништи Аргентина и најави борба за медал


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кошаркарите на Словенија триумфираа со 118-100 против Аргентина во првиот меч на Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Словенците предводени од Дончиќ сакаат медал во Токио, а почетокот навистина ветува. Тие ја победија Аргентина, а кошаркарот на Далас маверикс одигра одличен меч.

Дончиќ постигна 48 поени, 11 скокови и пет асистенции, а тие бројки ќе беа и поголеми доколку Словенецот не одмараше во последната четвртина.

Кај Аргентина најдобар беше искусниот Скола со 21 поен, а во оваа група Ц играат уште и Јапонија и Шпанија.