Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди заедно со Леванте беше елиминиран во полуфиналето на шпанскиот Куп откако Атлетик Билбао победи по продолженија.
Барди го одигра второто полувреме плус продолженијата, но не успеа да му помогне на Леванте да избори финале во Купот.
Имено, минатогодишното финале од Купот, каде за трофеј ќе се борат Реал Сосиедад и Атлетик Билбао е одложено за април оваа година.
Така, играчите на Билбао за период од две недели имаат шанса двапати да го освојат трофејот во Кралскиот куп.
На 3 април во Севиља ќе игра финалето за минатата сезона, а на 20 април за тековна сезона.