Неверојатно: Бејл одбива да замине од Реал, Зидан гласно го отпиша за следната сезона…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Герет Бејл нема намера да го напушти Реал Мадрид.

Иако тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан не смета на неговите услуги во следната сезона, што е јасно соопштено на фудбалерот и неговиот агент, Бејл не сака да го напушти Мадрид.

„Герет е 100% посветен на Реал Мадрид“, истакна неодамна за Би-Би-Си неговиот агент, Џонатан Барнет, а потоа додаде:

„Нема намера да замине одовде. Среќен е во Мадрид и ој и сопругата се чувствуваат пријатно тука. Нема потребно било што да се менува“, истакна Барнет.

Бејл така што нема намера да го напушти Реал, иако раководството на кралскиот клуб со сите сили сакаат да го продадат или барем да го испратат некаде на позајмица, но ниту тоа не им е лесна задача.

Велшанинот во Мадрид заработува 17 милиони евра по сезона. Ниту еден тим таа сума не сака да ја плати, Бејл со договор е врзан до 2022. година и не сака да се откаже од богатиот договор.

Интересно е што Реал моментално нема ниту една понуда за Бејл. Го нудат на разни екипи меѓу кои се Манчестер Јунајтед и Баерн, но апсолутно никој не сака играч кој има огромна плата и притоа е склон на повреди.

Заминал или не, Бејл кај Зидан следната сезона нема да игра. Тоа сега веќе стана јасно, а таквата понуда е соопштена и на самиот фудбалер, кој очигледно повеќе сака лесни милиони, отколку прифаќање да игра некаде за помала плата.

Бејл во текот на престојот во Мадрид освои апсолутно се, но поради повредите често беше надвор од теренот. Така за шест годино одигра само 231 меч и постигна 102 погодоци.