Неверојатно: Италија нема примено гол повеќе од 1.000 минути!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија ја мина групната фаза на Европското првенство (ЕП) со девет освоени бодови. Тимот на Роберто Манчини во третиот меч славеше со 1-0 против Велс и така ја потврди доминацијата.

„Аѕурите“ беа пресилни за реперзентацијата на Велс, која и покрај поразот се пласираше во осминафиналето како второпласирана во групата.

За да биде уште поинтересно, Италија покрај максималниот број на бодови во групната фаза, мина и без примен гол, а последниот го прими одамна.

Тоа се случи на 14 октомври 2020 година во дуелот против Холандија во Лигата на нации, кога погоди Ван де Бек, а денешниот меч им беше 11. по ред и тие немаат примено гол на повеќе од 1.000 минути.