Неверојатно: Лацио платил 11 милиони евра на погрешен клуб за засилување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лацио направил огромна грешка при трансферот на Педро Нето, кога 11 милиони евра уплатил на Спортинг Лисабон, наместо на Брага.

Екипата од Рим објасни дека грешката ја направиле поради имињата на екипите, кои за нив биле слични. Лацио не бил внимателан, па прво во 2018 година ја уплатил првата рата, а потоа во март и втората за Педро Нето. Двете рати место на Брага биле уплатени на Спортинг.

Ќе потсетиме, Нето во Рим прво пристигна на позајмица со право на откуп. Брага објави дека ќе добие гарантирани 12 милиони евра, 7.5 за позајмица и уште 4.5 за откуп на договорот, за со бонуси трансферот да достигне сума од 17 милиони евра.

Во Брага цело време ги чекале парите, но нив ги немало затоа што легнале на сметката на Спортинг. Прво 8.5 во јули 2018, па уште 2.5 во март 2019.

„За жал тоа е грешка на финансискиот сектор. Погрешија поради сличните имиња на клубовите“, изјави генералниот секретар на Лацио, Армандо Калвери.

Интересно што во Спортинг си се правеле „на тошо“ и цело време молчеле надевајќи се дека никој нема да ја сфати грешката. Сепак, грешката во меѓувреме се поправила и Брага си ги добила парите.