Неверојатно: Меси стигна во Мајами, а навивачите збеснаа од среќа 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинската ѕвезда Лионел Меси е главна каде и да се појави, а по освојувањето на титулата во Копа Америка, тој реши да замине на одмор во Мајами.

Меси ќе го помине својот одмор во Мајами, а неговото пристигнување предизвика големо воодушевување и хаос меѓу неговите фанови.

Сите сакаа да се фотографираат со Аргентинецот, а обезбедувањето имаше голема мака за да го спаси Меси од рацете на навивачите.

Меси ќе ѝ се приклучи на Барселона по одморот откако договори петгодишна соработка со двојно помала плата од досегашната, а тој договор наскоро треба и официјално да биде потврден од страна на клубот.