Неверојатно: НБА-ѕвезда си го спаси синот од давење во базен 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


НБА кошаркарот Андре Драмонд го спаси својот двегодишен син Дион од давење во базен, откако момчето паднало во водата, а ѕвездата веднаш реагираше.

На Твитер објави снимка од надзорната камера на која точно се гледа што се случи на базенот.

„Сите херои не носат маски. Најлошиот кошмар на секој родител“, напиша кошаркарот во описот на снимката.

Драмонд минатата сезона играше за Лос Анџелес Лејкерс, а во новата сезона ќе го носи дресот на Филаделфија.