Неверојатно: Одигран најдолгиот тај-брејк во историјата на АТП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на тенискиот турнир во Далас се одигра неверојатен дуел меѓу двајца Американци, Џон Иснер и Рајли Опелка, кој се претвори во историски меч затоа што беше одигран најдолгиот тај-брејк на АТП.

Опелка беше подобар откако го скрши Иснер и го доби тај-брејкот со 24-22, па така го надминаа рекордот од 20-18.

Интересно е тоа што и првиот сет го решија на идентичен начин, но тогаш Опелка беше подобар со 9-7, а со оваа победа избори финале каде што ќе игра против Џенсон Бруксби.

Мечот го одбележа уште еден интересен детал, а тоа е дека двајцата тенисери сервираа неверојатно и заедно имаа вкупно 60 ас удари.