Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо постигна два нови голови за Јувентус во победата против Парма од 4-0, па така израмни рекорд на Омар Сивори од 1961 година.
Португалецот стана петти фудбалер, кој постигнал најмалку 32 гола во Серија А во една календарска година. Роналдо може да го подобри рекордот до крајот на 2020 година затоа што му остана уште еден меч во првенството.
Ѕвездата на Јувентус ќе има можност да го надмине Стефан Ниерс, кој во 1951 година постигна 33 голови, а на прво место се наоѓа Фелисеу Борела со 41 гол од 1933 година, а следи Гунар Нордал со 36 голови од 1950 година.
Роналдо стигна до бројката од 32 голови на само 28 настапи во Серија А во 2020 година.