Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Билетот чини едно евро, а парите одат за истражувачите на Универзитетската болница во Сент Етјен.
Сент Етјен закажа виртуелен натпревар против екипата на ПСЖ на 25. април, денот кога требаше да игра на стадионот Сен Дени против Париз Сен Жермен, и успеа да продаде 80.000 виртуелни билети.
Билетот чини едно евро, а сумата им оди на истражувачите на Универзитетската болница во Сент Етјен.
Клубот објави дека продал 71.000 билети во текот на викендот. Конзорциумот кој управува со стадионот Сен Дени објави дека купил 10.000 билети.
Сент Етјен за прв се квалификуваше во финалето на Купот на Франција во 1982. година. Натпреварот беше одложен поради појава на коронавирус.
Франција се најде на четвртото место во светот во пандемијата на коронавирус. Повеќе од 130.000 луѓе се тестирани позитивни за вирусот Ковид-19, а скоро 15.000 починале.