Невиден малер: Морант ја заврши сезоната поради повреда!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Мемфис гризлис остана повторно без најдобриот кошаркар Џа Морант, кој се здоби со тешка повреда и ќе мора да паузира до крајот на сезоната.

Морант оваа сезона одигра само девет натпревари, откако претходно беше суспендиран на 25 меча, но медицинските прегледи не носат добри вести за кошаркарот.

Медицинските прегледи покажаа дека американскиот кошаркар мора да го оперира рамото, по што ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Мемфис во моментов е на 13. место во Западната конференција со 13 победи и дури 23 порази.