Невидена глупост на Џака: Ниту противникот не веруваше дека ќе добие таква асистенција 🎥

Фудбалерите на Барнли играат против Арсенал во мечот од 27. коло во Премиерлигата.

Арсенал поведе со голот во шестата минута преку Пјер Емерик Обамејанг, но Барнли во финишот на првиот дел израмни на 1-1.

Гранит Џака направи голема грешка, кога сакаше да ја исфрли топката од својот казнен простор и да му додаде на десниот бек, но го погоди Вуд, а топката заврши во мрежата за 1-1.