Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ник Кирјос заедно со Танаси Кокинакис се пласираа во финалето на Австралијан опен во конкуренција на парови, откако ги совладаа Марсело Гранолјерс и Хорацио Зебалјос со 7-6 и 6-4.
Кирјос и неговиот сонародник триумфираа против третите носители на турнирот, по што го одбележаа натпреварот со необична прослава.
Вакви сцени ретко се гледаат на тениските натпревари, а Мајкл Венус, кој со Тим Пуец во четвртфиналето испадна од Кирјос и Кокинакис беше остар во изјавата за медиумите.
„Кирјос е идиот. Ете, гледате зошто никогаш не го исполни целосно неговиот потенцијал. Неверојатно е тоа што го удри детето, а само затоа што му даде рекет, сите зборуваат дека е добро момче. Неговата зрелост е како да има 10 години“, кажа Венус.
This is what it means 🙌 @nickkyrgios · @tkokkinakis · #AusOpen · #AO2022 pic.twitter.com/n1oTPdzjv4
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 27, 2022