Невидени сцени: Фудбалерите на Башакшехир го напуштаат теренот, познато каква навреда кажал судијата! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нешто невидено досега може да забележиме на мечот од шестото коло во Лигата на шампиони помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз, откако дуелот беше прекинат и нема да продолжи.

Четвртиот судија наводно навредил еден од гостинските фудбалери, по што следеше жесток протест на гостите, кои на крајот одбија да го продолжат натпреварот.

„Ова не е фудбал“, порачаа фудбалерите на турскиот тим и заминаа во соблекувалната, иако главниот судија се обиде да го разубеди од идејата.

Четвртиот судија, наводно, го посочил Демба Ба како „тој црн играч“.