Невидено: ПСЖ ќе му дозволи на Мбапе да биде „газда“ ако остане во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе замине од ПСЖ, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид, иако парижаните сè уште не се откажуваат од неговите услуги.

„БиФут“ објави дека францускиот шампион му понудил досега невидена понуда само за да остане во клубот од Париз.

По големиот број финансиски понуди, кои беа одбиени од Мбапе, ПСЖ му понудил да го избере следниот тренер на тимот и новите засилувања за следното лето.

Мбапе стигна во ПСЖ во 2017 година од Монако, а притоа трипати беше шампион на Франција, но никогаш не ја освои титулата во елитната Лига на шампиони.

Французинот оваа сезона на 45 меча постигна 36 голови и има 26 асистенции.