Невил го нападна Тен Хаг: Ги ангажира двајца најлоши фудбалери!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доскорешниот менаџер на Манчестер јунајтед Ерик Тен Хаг ќе гледа што побрзо да го заборави двоиполгодишниот мандат на клупата на „Црвените ѓаволи“, а добро ќе му помогнат во тоа и поранешните асови на клубот кои се натпреваруваат со негативни коментари на сметка на Холанѓанецот.

Поранешниот тренер на Ајакс во понеделникот доби отказ во најтрофејниот англиски клуб, ден по поразот од Вест Хем во Премиер лигата.

Додека зборуваше за мандатот на Тен Хаг во Јунајтед, некогашниот капитен Гери Невил порача дека двајца најлоши фудбалери биле доведени во клубот за време на мандатот на Холанѓанецот.

Станува збор за Бразилците Антонио и Касемиро чии партии во Јунајтед ниту приближно не го оправдаа епитетот „скапо платени засилувања“.